Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот "Јужен тек" од руска страна и оти до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор. Разгледувањето е во завршна фаза од страна на руската Влада и очекуваме до крајот на јануари идната година да добиеме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности, како што се формирање заедничко претпријатие, изградба на кракот кон Македонија. Македонија ќе биде приклучена на Јужен тек" во делот на снабдување со природен гас преку постојниот гасовод, бидејќи компресорската станица за Македонија се наоѓа во Ихтиман, Бугарија.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот "Јужен тек" од руска страна и оти до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор.
- Разгледувањето е во завршна фаза од страна на руската Влада и очекуваме до крајот на јануари идната година да добиеме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности, како што се формирање заедничко претпријатие, изградба на кракот кон Македонија - изјави Ставрески.
Андреја Јосифовски, претседателот на УО на Макпетрол", вели дека Македонија ќе биде приклучена на Јужен тек" во делот на снабдување со природен гас преку постојниот гасовод, бидејќи компресорската станица за Македонија се наоѓа во Ихтиман, Бугарија.
- "Јужен тек" е поврзан со овој гасовод и низ тој гасовод Македонија ќе добие гас. Зарем на Македонија и се потребни два гасоводи. Во Македонија капацитетот на гасоводот е од 800 милиони нормални кубни метри, кој само со зголемување на една компресорска станица може да и се зголеми капацитетот до милијарда и 200 милиони кубни метри - вели Јосифовски. Тој појасни дека лани се потрошени 132 милиони, а годинава се продадени 61 милион кубни метри природен гас во кој се влезени 9 милиони за потребите на ТЕ-ТО во февруари 2012 година кога имавме проблеми со енергетската ситуација во РМ. Во Македонија вкупно годинава се потрошени околу 120 милиони нормални кубни метри природен гас.
Проектот почнува од Русија поминува под Црното Море и излегува во Бугарија на Варна. Од Варна продолжува за Плевен, влегува во Србија кај Зајачар и преку Суботица оди за Унгарија и Западна Европа. Втората опција којашто отпадна е кракот што требаше да оди кон Грција и Албанија и јужна Италија.
- За мене природно е поврзувањето на Македонија и со гасоводот во Србија, којшто треба да се продолжи до Врање - вели Јосифовски.